Авантурите на Дино! Учење преку игра. Преземи сега! Бесплатно!

ОВОЗМОЖЕНО ОД МОБИ ПРОМО

Преземи офлајн верзија на Авантурите на Дино!

Прва едукативна софтверска апликација на македонски јазик за деца на возраст од 4 до 7 години.
Еве што треба да направиш:

Регистрација

Регистрирај се бесплатно и ќе добиеш емаил порака со линк за преземање

Преземање

Преземи ја офлајн верзијата на апликацијата на твојот компјутер

Старт!

Започни! Учење преку игра и забава за твоето дете

Бесплатната верзија на Авантурите на Дино е овозможена од Моби Промо

За Авантурите на Дино

Структура на апликацијата

Едукативен дел

Околини: Море; Домашни животни: Сообраќај; Време; Дом; Диви животни

Едукативен дел

Македонски јаик: А-Ш - буквар на зборови од а до ш; Илустрирани аудио-визуелни басни

Едукативен дел

4. Математика: 1-10 (запознавање со броевите од 1 до 10); Форми (запознавање со основните геометриски форми)

Едукативен дел

Музичка бина: Музички инструменти; Свирење на инструментите

Едукативен дел

Боенка: Боенка во електронска форма со основни облици преку користење на основни бои

Забавен дел

Едукативни игри: Спротивности; Екологија; Низи; Логички низи; Приказна; Точка до точка; Форми; Пазар; Меморија; Балон

ОКОЛИНИ
ЕДУКАТИВНИ ИГРИ
КРЕАТИВНИ СОДРЖИНИ
СУПЕР ИГРА И ДИПЛОМА

Што е Авантурите на Дино?

Сите сегменти од овој длабоко осмислен проект во потполност ги почитуваат развојните карактеристики и потреби на децата од оваа возраст. Изборот на содржините го обединува основниот курикулум од сите воспитно – образовни подрачја и го доближува детето до барањата на едукативните програми во образовните институции. Со тоа се поттикнува когнитивниот развој, се задоволува детската љубопитност, при што се овозможува самостоен избор за задоволување на истата. Степенот на комплексност, сложеност и нивото на тежина на активностите овозможува детето да се пронајде според фазата на својот индивидуален развој.

Дино лик водич!

Децата ќе бидат воведени во светот на учењето со посредство на Дино, анимиран карактер што се фокусира на образовните потреби, обраќајќи се на секое дете на индивидуална основа. Дино е љубопитен како дете, не е сезнајко и најчесто има потреба од помош со што се постигнува голем степен на интеракција помеѓу Дино и детето.

Детето и Дино стануваат партнери во патувањето и авантурите во свет богат со визуелни креации, дијалози, анимации и аудио стимуласни со што се создава основа за взаемно разбирање и комуникација.

За Родителите!

За родителите „АВАНТУРИТЕ НА ДИНО“ претставува можност за подобро запознавање на индивидуалноста на детето, неговите интереси, подобро препознавање на фазите во кои се наоѓа детето во одреден период, но и можност за збогатување на квалитетот на меѓусебната комуникација.
Покрај погодноста за децата, апликацијата има за цел да им помогне на родителите при едукацијата на децата прикажувајќи го целокупното достигнување на детето и неговите обиди и грешки, притоа не фрустрирајќи го детето со резултати.

Авантурите на Дино

Зошто Авантурите на Дино?

Компјутерски базирана алатка која има за цел да го поттикне и олесни развојот на децата и нивните способности
На еден интересен и лесен начин им овозможува на децата да ги спознаат и за нив недостапните предели на светот, да се запознаат со животинскиот свет, сообраќајот, буквите и бројките, формите, боите и музиката
Апликацијата има за цел да им помогне и на родителите при едукацијата на децата прикажувајќи го целокупното достигнување на детето и неговите обиди и грешки не фрустрирајќи го детето со резултати