Помогни му на твоето дете да учи преку забава и игра!
Авантурите на Дино е компјутерски базирана алатка која го поттикнува и олеснува развојот на децата и нивните способности. Преку интерактивни активности и привлечна содржина, децата ќе се вклучат во значајни интеракции со Дино, нивниот анимиран придружник во учењето.
Едноставно за тебе, забавно за детето и 100% едукативно.
34.99 €
* Апликацијата е функционална на Windows оперативен систем.
За Авантурите на Дино
СОДРЖИНИ
ЕДУКАТИВЕН ДЕЛ
Околини: Море; Домашни животни; Сообраќај; Време; Дом; Диви животни
ЕДУКАТИВЕН ДЕЛ
Математика: 1-10 (запознавање со броевите; Форми (запознавање со основните геометриски форми
ЕДУКАТИВЕН ДЕЛ
Македонски јаик: А-Ш буквар; Илустрирани аудио-визуелни басни
ЕДУКАТИВЕН ДЕЛ
Музичка бина: Музички инструменти; Свирење на инструментите
ЕДУКАТИВЕН ДЕЛ
Боенка: Боенка во електронска форма со основни облици и основни бои
ЗАБАВЕН ДЕЛ
Едукативни игри: Спротивности; Екологија; Низи; Логички низи; Приказна; Точка до точка; Форми; Пазар; Меморија; Балон
ОКОЛИНИ
КРЕАТИВНИ СОДРЖИНИ
ЕДУКАТИВНИ ИГРИ
СУПЕР ИГРА И ДИПЛОМА
Зошто родителите ја сакаат апликацијата
Авантурите на Дино
Прекрасна апликација, моите деца научија да пишуваат и кажуваат букви со игрите на Дино.
Прекрасна апликација. Корисна. Со нејзина помош мојот син научи многу. Препорачувам.
Моите деца се израдуваа на апликацијата, се надевам ќе научат многу. Ви посакувам успех.
Одлична можност за учење преку игра. Поминав прекрасни мигиви со моето дете.
Авантурите на Дино за децата
Сите сегменти од овој длабоко осмислен проект во потполност ги почитуваат развојните карактеристики и потреби на децата од оваа возраст. Изборот на содржините го обединува основниот курикулум од сите воспитно – образовни подрачја и го доближува детето до барањата на едукативните програми во образовните институции. Со тоа се поттикнува когнитивниот развој, се задоволува детската љубопитност, при што се овозможува самостоен избор за задоволување на истата. Степенот на комплексност, сложеност и нивото на тежина на активностите овозможува детето да се пронајде според фазата на својот индивидуален развој.
Авантурите на Дино за родителите
За родителите „Авантурите на Дино“ претставува можност за подобро запознавање на индивидуалноста на детето, неговите интереси, подобро препознавање на фазите во кои се наоѓа детето во одреден период, но и можност за збогатување на квалитетот на меѓусебната комуникација.
Покрај погодноста за децата, апликацијата има за цел да им помогне на родителите при едукацијата на децата прикажувајќи го целокупното достигнување на детето и неговите обиди и грешки, притоа не фрустрирајќи го детето со резултати.
Дино – лик водич
Децата ќе бидат воведени во светот на учењето со посредство на Дино, анимиран карактер што се фокусира на образовните потреби, обраќајќи се на секое дете на индивидуална основа. Дино е љубопитен како дете, не е сезнајко и најчесто има потреба од помош со што се постигнува голем степен на интеракција помеѓу Дино и детето.
Детето и Дино стануваат партнери во патувањето и авантурите во свет богат со визуелни креации, дијалози, анимации и аудио стимуласни со што се создава основа за взаемно разбирање и комуникација.
Преземи офлајн верзија на
Авантурите на Дино!
Првата едукативна софтверска апликација на македонски јазик за деца на возраст од 4 до 6 години.