Услови за користење

Oбновено на: 01.02.2022

Со овие услови за користење на веб сајтот dinosadventures.com и неговите услуги и функционалности (во понатамошниот текст: Услови за користење) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот dinosadventures.com.

Секое автоматизирано превземање на податоците од веб сајтот dinosadventures.com и од неговата датабаза е строго забрането.

Правото на користење на dinosadventures.com е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Корисникот e запознаен и свесен дека иако Интернетот е генерално безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на ММ Дисоски, и ММ Дисоски не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информациите преку Интернет. Иако цел на ММ Дисоски е dinosadventures.com да биде достапен нон-стоп, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на ММ Дисоски, пристапот до dinosadventures.com може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

ММ Дисоски може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, ММ Дисоски ќе ги извести своите корисници на соодветен начин односно преку објава преку dinosadventures.com за промената, не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник е согласен со ваквиот начин на известување за промените на Условите на користење.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користење на dinosadventures.com и на софтверската апликација Авантурите на Дино. Исто така, секој корисник се согласнува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата ММ Дисоски, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна и софтверската апликација Авантурите на Дино од страна на крајниот корисник, и прекршување на Условите за користење.

Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на е-меил адресата со која е регистриран на dinosadventures.com. Нотификациите се поврзани со услуги, бесплатни или комерцијални производи и со софтверската апликација Авантурите на Дино. Корисниците ќе добиваат известување на е-маил кога ќе им биде пратена порака преку интерниот систем за испраќање и примање пораки 

Секој регистриран корисник се согласува да добива периодична директна пошта (директен маркетинг) на е-меил адресата со која е регистриран на dinosadventures.com. 

Корисникот се обврзува во процесот на користење на Услугите што ги обезбедува dinosadventures.com, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

1. не се во склад со позитивното законодавство, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност; 

2. се предмет на интелектуална сопственост на трети страни, освен со согласност со носителот на правото;

3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на некој надлежно, државно или општинско тело; 

4. содржи информации за други корисници, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;

5. содржат лични податоци во врска за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;

ММ Дисоски го задржува правото да прибира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на dinosadventures.com со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки, да ги објави на други медиуми и да комуницира со корисникот во однос на услугите на dinosadventures.com.

Личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како стриктно доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.

ММ Дисоски не е одговорна за настанување на било каква штета поради користењето на софтверската апликација Авантурите на Дино од страна на крајните корисници.

ММ Дисоски го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на dinosadventures.com без претходно известување