„АВАНТУРИТЕ НА ДИНО“ претставува компјутерски базирана алатка која има за цел да го поттикне и олесни развојот на децата и сите нивни способности кои се во интензивен развој на таа возраст.
Апликацијата, на еден интересен и лесен начин им овозможува на децата да ги спознаат и за нив недостапните предели на светот, да се запознаат со животинскиот свет, сообраќајот низ градските улици, буквите и бројките, формите, боите и музиката итн.
Покрај погодноста за децата, апликацијата има за цел да им помогне и на родителите при едукацијата на децата прикажувајќи го целокупното достигнување на детето и неговите обиди и грешки не фрустрирајќи го детето со резултати.

Основна структура на „АВАНТУРИТЕ НА ДИНО“:
- Првичен Екран
На овој екран се наоѓа празно место за регистрација на името на детето (во случај да детето е мало и не знае тоа би го направил родителот) и илуструран избор на тежина во зависност од возраста. Иако се напишани со букви секако голем дел од децата го познаваат своето име. Ова секако претставува и еден вид персонализација, која е многу значајна и помага при социјалниот и емотивниот развој на детето.
Едукативен дел:
Едукативниот дел се состои од следните сегменти:
- Влезна околина т.н. главен екран
- Околини наменети за едукација
- Море (морски свет)
- Домашни животни (фарма)
- Сообраќај
- Време (годишни времиња, деноноќие…)
- Дом
- Диви животни (шума, савана, северен пол, џунгла)
- Македонски јаик
- А-Ш – буквар на зборови од а до ш
- Илустрирани аудио-визуелни басни
- Математика
- 1-10 (запознавање со броевите од 1 до 10)
- Форми (запознавање со основните геометриски форми)
- Музичка бина
- Инструменти (запознавање со музички инструменти и приказ како се на нив се свири)
- Свирење на инструменти од страна на детето користејќи ја тастатурата на компјутерот
- Боенка со основни форми
Главна цел на овој е дел е запознавање на детето со надворешниот свет и околината, броевите, буквите, нотите, боите и сл. Сето тоа е дел од планираната едукација на децата, со помош на компјутерот таа станува интересна и по впечатлива. Сето она што на децата им е интересно и забавно многу лесно го помнат, дополнителната визуелизација на предметите(поимите), бројките, буквите итн. и возбудливите анимации му овозможуваат на детето преку игра да го стекне потребното знаење.
Забавен дел (учење преку игри):
- Игра – спротивности
- Игра за екологијата
- Игра – Составување слика од неколку делови (математички низи)
- Игра – Дополнување на логичка низа
- Игра – Создавање приказна од неколку слики
- Игра точка до точка – скриени ликови кои се поврзуваат со броеви
- Игра – форми
- Игра – пазар (броење)
- Игра – меморија
- Игра – балон (поставување правилен редослед на букви за соодветен збор)
Овој дел има за цел да ги воодушеви децата и преку игри да го дополнат нивното општо знаење но и да ги развиваат своите способности кои исто така се дел од планираниот и неопходен развој на децата од предучилишна возраст. Како што се развојот на социјалните доблести, емотивниот развој, когнитивните способности, физички развој, моторните функции, јазичните способности, стекнување писменост, запознавање со математиката, и збогатување на креативноста кај децата.