Политика на приватност

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате оваа интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите обврски.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е ММ Дисоски ДООЕЛ, (во натамошниот текст: ММ Дисоски), со седиште на Кузман Јосифоски, 7500 Прилеп, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Офицер за заштита на лични податоци:

Валентина Дисоска

valentina.d@2md.mk

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

Посетители на нашата интернет страна dinosadventures.com. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
Лица заинтересирани за нашите производи – Лични податоци за цели на спроведување на активности за информирање, онлајн набавка и испорака на производи.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

– Вашата интернет протокол (IP) адреса;
– Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
– Вашиот оперативен систем;
– Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
– Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
– URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна;
– Јазикот на пребарувачот кој го користите;
– Држава (се одредува преку IP адресата).

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите обврски.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, контакт телефон, email, адреса и дополнителни информации поврзани за процесот на онлајн продажба и испорака на нашите производи.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку Вашето користење на оваа веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Авантурите на Дино, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

– Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ММ Дисоски ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ММ Дисоски и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
– По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа. Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

– право да бидете информирани за обработката на личните податоци
– право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци.

Право на поднесување на барање до ММ Дисоски

Ако сметате дека начинот на кој ММ Дисоски ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ММ Дисоски, по кое ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.